Запалени три камиони во Бутел, МВР го истражува случајот


Вчера околу 30 минути пред полноќ во било пријавено дека во Скопје на ул.“Александар Урдарески“, на плац за камиони, биле опожарени три камиони влекачи со полуприколки, од кои едниот бил празен, а два натоварени со волница и една полуприколка без влекач. Од пожарот на соседниот плац биле делумно опожарени две полуприколки и четири полуприколки-ладилници, информираат од МВР.

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита.

Во тек е увид од увидна екипа од СВР Скопје.