Замрзна реката Хадсон во Њујорк: Илјадници без струја – загинаа 30 лица


Снежаната бура во Америка не престануца, а вчераимаше 560.000 пријавени прекини на електричната енергија, додека бројот на жртви поврзани со бурата се искачи на 30.

Колосалната бура, како што ја опишаа американските медиуми, однесе нови животи. Над 30 сантиметри снег паднаа во појас долг 2.100 километри, од Арканзас до Нова Англија. Бројот на жртви се искачи на најмалку 30.

На социјалните медиуми се споделуваат снимки од замрзнатата река Хадсон која протекува низ Њујорк, каде паднаа над 45 см снег.

Во областа северно од Питсбург, наврнаа 50 сантиметри, а температурите паднаа под -31°C. Американската метеоролошка служба во понеделник објави дека се очекува нов прилив на арктички воздух да ги одржи температурите под нулата во областите што веќе се покриени со снег и мраз, а нова бура би можела да го погоди Источниот брег овој викенд.

Ниските температури се само една од причините за смртта – две лица беа прегазени од возила за чистење снег во Масачусетс и Охајо, тинејџери загинаа санкајќи се во Арканзас и Тексас, а во Канзас, кучиња-трагачи го пронајдоа телото на жена исчезната во бурата.

Во Њујорк, каде што паднаа до 45 сантиметри снег, часовите во училиштата беа откажани, а осум тела беа пронајдени на отворени површини, објавува АП.

Стотици илјади без струја
Во понеделникот вечерта, беа пријавени повеќе од 560.000 прекини на електричната енергија, главно на југот каде што беа оштетени далноводите.

Во Мисисипи, властите во тешко погодените области брзаа да достават душеци, ќебиња, флаширана вода и генератори до центрите, за затоплување по најлошата ледена бура во државата од 1994 година. Универзитетот во Мисисипи ги откажа часовите за целата недела. Повеќе од 12.000 летови беа откажани, 45% од американските летови само во недела.

Поради смртоносната бура, гувернерите на дури 24 федерални држави прогласија вонредна состојба, а претседателот Доналд Трамп одобри федерална помош за најзагрозените области. Националната гарда, исто така, беше испратена на терен за да помогне во расчистувањето и дистрибуцијата на помошта.