Занаетчиите генерално задоволни од петтиот пакет мерки
– Занаетчиите ќе добијат поддршка за две плати за февруари и март, ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход до 30 јуни годинава, финансиска поддршка за регистрирани занаетчии. Во пакетот има 29 мерки, така што има можност да се искористат и да се надмине тешкиот период предизвикан од ковид кризата. Ќе почекаме на донесувањето на уредбите со закон во кои ќе се прецизира поддршката, но генерално сме задоволни и благодарни на Владата, министерствата, инволвираните за поддршката, изјави Фазлији.
Поголем број од занаетчиите ќе користат поддршка за плата и придонеси, што беше главно барање на занаетчиите, но како што посочи Фазлији има и одредени како што се паушално оданочените занаетчии кои најавиле дека ќе користат и бескаматни кредити.
– Ако под претпоставка од април се смири состојбата со ковид и се отстранат рестрикциите за организирање на свечености, свадби, мислам дека ќе успееме да излеземе од кризата, да се вратиме во нормала и да ја рестартираме економијата како што генерално се очекува, изјави Фазлији.
Од комората ги повикаа членките постојано да бидат во комуникација со комората и со сметководителите и да аплицираат за сите потребни средства, откако ќе излезат уредбите.