Захариева: Не можете да изградите просперитетна држава ако секогаш сте против

Обидот да се создаде слика за Бугарија со многу агресивен јазик за неа може да донесе некои краткорочни политички дивиденди, но на долг рок е штетен за граѓаните на Северна Македонија. Ова за Нова ТВ го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа посочи дека разговорот со нејзиниот колега Бујар Османи, во Софија бил искрен и важен.
-Нема ништо потрајно од географијата – ќе бидеме соседи пред и по историјата, рече Захариева и истакна дека најштетно за една земја е постојано да се враќа во минатото.
-Нема начин да се изгради просперитетна држава кога вашата идеологија е секогаш против нешто, рече Захариева.
Како што ние ги препознавме современите реалности, така и тие мора да ги препознаат историските. Ако не го сториме ова 30 години ќе се навраќаме на ваквите спорови. Граѓаните сакаат да бидат заедно, нема ништо поприродно од тоа да се биде најблизок со Република Северна Македонија, додаде Захариева.ЕС