Загина рудар во рудник во БиХ, повредени четворица


 

Еден рудар загина, а четворица се здобиле со сериозни повреди кога јаглен се урнал врз нив додека работеле во јамата на рудникот „Бреза“ во централниот дел на Босна и Херцеговина, јавија босанските медиуми.

Претседателот на Синдикатот на рудари Синан Хусиќ потврди дека на еден од подземните ископи дошло до несреќа кога големи количини јаглен паднале врз петмината работници.

Четворица успеале да излезат на површината и се префрлени во медицинските усптанови, но за петтиот немало спас. Колегите се обиделе да го извлечат, но не давал знаци на живот.