Загина полицаец кај Куманово додека бил на службена должност
Полициски службеник загина, друг кандидат за полициски службеник е тешко повреден, а повредени се уште две лица во Куманово, откако во нив удрил 40-годишниот С.Ј, соопшти денеска СВР Куманово.
Според полицијата, 45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со наелба Ајдучка Чешма, патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во 37- годишниот В.Ц., полициски службеник, и во 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
С.Ј. со возилото „мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телсени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.