Загина 76-годишник во пожарот во Аеродром
Загина 76-годишник, во пожарот во згради во скопски Аеродром, откако огнот избувнал на шестиот кат и постоела голема опасност да се рашири.
„Имавме пријава за пожар во станбена зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје на шести кат , пожарот беше веќе во развиена фаза имаше опасност да се крене на погорните катови“, вели Звонко Томевски, командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.
Тој додава дека е интервенирано со 15 пожарникари и со шест противпожарни возила.
„Со брзата интервенција спречено е ширењето на другите станови, но за жал во опожарениот стан починато е повозрасно лице. Повикана е екипа на МВР да изврши увид, И брза помош кој констатираше смрт“, додава тој.
Пожарот е целосно изгаснат.
И МВР информираше дека седумдесет и шестгодишник го загубил животот во пожарот во скопски Аеродром.
„Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.