Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“
Поранешниот премиер Зоран Заев ѝ го честиташе на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерален секретар на НАТО. Во објавата на Фејсбук Заев пишува:
„Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет.
Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО.
Честитки Радмила!“
Радмила Шекеринска освен што беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев, таа беше и заменик-претседател на СДСМ во времето кога Заев беше лидер на партијата.