Заев: Успешни избори за да бидеме рамо до рамо со западниот свет
Денеска е најважно прво да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на нашата земја. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред, да бидемо рамо до рамо со современиот западен развиен свет, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица.
Очекува по изборите да се продолжи со процесите и унапредување на квалитетот на живот на нашите граѓани.
-Се надевам дека изборите ќе бидат успешни и ќе се движиме напред заедно како што не личи, додаде Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање кои се опциите доколку нема цензус на вториот круг претседателски избори, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека постојат повеќе опции кои јавно се коментираат од страна на аналитичарите.
-Една од опциите која мене прво ми паѓа на памет, што не значи дека е и конечна бидејќи тоа зависи од сите политички чинители, на крајот и од експертите и од граѓанскиот сектор, е брзо да се организираат втори избори, заедно со парламентарни избори, за да се покрене цензусот. Се надевам дека нема да дојде до тоа. Јас верувам дека трендот на излезност ќе биде поголем и еве сега е 11 часот кога ја давам изјавата процентот е поголем во споредба со првиот круг и тоа дава гаранции зе успешност на изборите, смета Заев.
Други опции се во парламентот, со промена на уставот да се тргне цензусот и да се оди повторно на избори, додека, пак, третата, како што рече Заев, третата или втората подопција е промена на Уставот со избор на претседател на државата во парламентот.
-Но, сите овие опции се помалку демократични и се дефинитивно проблематични за државата, затоа што ќе не вратат неколку месеци назад, ќе застанат просеците, повторно ќе има политички дебати, ќе има Пржински договори, ќе има разговори во Клубот на пратанеците… Тоа не ни треба. Тоа квалитетно време, верувам дека сите ние, пред се граѓаните, но и Владата и политичарите, ќе го искористиме да направиме уште еден поголем, квантитативен чекор за државата и граѓаните напред, ја заврши изјавата за медимумите премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето во Струмица.