Заев следната недела во НАТО
Премиерот Зоран Заев на 8 октомври во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.
Како што соопшти прес-службата на НАТО, Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекериснка и шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев да одржат заедничка прес-конференција.
Република Северна Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса.