Заев се сомнева дека до 22 јуни ќе има решение со Бугарија


Премиерот Зоран Заев се сомнева дека до 22 јуни, кога ќе се одржи самитот на ЕУ, ќе биде решен спорот на Македонија со Бугарија.

„Имам чувство дека во 22 јуни нема да се реши проблемот, но не е невозможно“, изјави денес Заев.

Тој рече дека го кажува ова за да не ги крене очекувањата кај нашите граѓани, затоа што Бугарија во моментов има техничка влада.

„Зошто го кажувам ова? Затоа што не сакам да ги кренам очекувањата кај нашите граѓани. Бугарија има избори во во јули, но наша должност е да направиме се. Нема зијан доколку разговараме. Значајно е дека и ние, и Бугарија немаме прашања за македонскиот јазик и идентитет. Зборуваме за динамика на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта, за интензитетот на историската комисија“, вели Заев.