Заев: Никој не може да го бојкотира пописот
Премиерот Зоран Заев во вечерашноти интервју за Сител порача дека никој не може да го бојкотира престојниот попис бидејќи тој е законска обврска и одбивањето да се учествува во него се казнува.
-Никој не може да бојкотира попис. Опозицијата не можеше избори да бојкотира, рефендум да бојкотира, а не па попис да бојкотира. Не треба да се закануваат, зашто има казни. Пописот е обврска на граѓаните. Ние треба да се попишеме зашто тоа е наша законска обврска. При попишувањето сите имаме обврска да ги дадеме вистинитите податоци кои што се барат од нас. Пописот не се прави на политичките партии или политичарите – се прави на граѓаните. Затоа треба да го спроведеме пописот. Тој е замислен од 1 до 21 април на територијата на целата држава, рече Заев додавајќи дека голем дел од податоците ги има.
Во однос на барањето на опозицијата за користење машини за отисок, рече дека иселените лица не можат да стават отисок.
-Децата се попишуваат до 18 години, тие немаат отисок. Не се регистрирани во системот за отисок. Но, правиме напори внатре. Притоа, преку граничната контрола на МВР ние имаме податоци за секој да се види дали е тука во државата или повеќе од една година бил надвор од државата, вели Заев.