Заев и Бектеши на промоција на првата фотонапонска централа во неготинско


Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обратат на промоцијата на фотонапонската централа на „ЕВН Македонија“ АД Скопје во населеното место Војшанци, неготинско.

На промоцијата, како што соопшти владината прес-служба, свое обраќање ќе има и Штефен Петер, претседател на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, по што и официјално ќе биде пуштена во употреба фотонапонската централа.