За Велигден дожд и пад на температурите


Фото: Б. Грданоски

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до средината на седмицава ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 километри на час.

Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота.

Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.