За Социјалистичката партија, конгресните предлози на ДУИ водат кон рушење на уставниот поредок
Социјалистичката партија на Македонија конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ Али Ахмети, смета дека се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата, се вели во соопштение од СПМ.
Под формата спроведување на Рамковниот договор Ахмети бара примена на принципот на Бадентер да се прошири и за извршната власт при избор на Влада и за донесување на одлуките на Уставниот суд. Така како што тој ја замислува демократијата со вткаен големо албански шовинизам кој не се ни обудува да го сокрие, велат од СПМ, додавајќи дека Ахмети бара да се подреди државата и системот под владеење на ДУИ.
„Да се минимизира важноста на мнозинството во државата, а да се мајоризира малцинството. Апсурдни неприфатливи барања кои не постојат во ниту еден правен систем“, смета СПМ.
Според Социјалистичката партија, наместо унитарна, ДУИ предлага нестабилна држава каде малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки кои ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзиниот раст и развој.