За неколку часа Марк Закерберг загуби 7 милијарди долари, сега е петтиот најбогат човек во светот

Шефот на Фејсбук загуби околу седум милијарди долари за неколку часа, по падот на сите можни услуги. Тој сега е петтиот најбогат човек.
Марк Закерберг сега е петтиот најбогат човек во светот. Само неколку часа, кога Фејсбук, Инстаграм и Ватсап се уште функционираа, тој имаше околу седум милијарди долари повеќе на својата банкарска сметка.
Загубата на пари е поврзана со големото интервју на укажувачот Франсис Хоген, кој откри дека за Фејсбук, приоритети се профитот и растот, што ги става пред јавната безбедност.
Акциите на Фејсбук почнаа да паѓаат по проблемите кои доведоа до неможност да се пристапи до популарната социјална мрежа и до нејзините услуги. Вредноста на акциите се намали за пет проценти, а од почетокот на септември за вкупно 15 проценти. Закерберг сега вреди скоро 121 милијарди долари и е зад Бил Гејтс. Од 13 септември до денес загуби околу 19 милијарди долари, пишува Блумберг.