За Гаши заостанувањето во преговорите со ЕУ не е добро, но не кажува дали притискаат за решение
Мешањето на претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали во внатрешните работи на Македонија за време на неодамнешната посета и обраќањето во македонскиот Парламент за спикерот Африм Гаши е само – култура на дипломатија.
„Тоа е култура на дипломатија. Моја оценка е дека во нејзиното обраќање немаше мешање туку тоа беше повеќе во смисла на укажувања за подобрување на нашиот пат кон ЕУ“, рече Гаши кој дури и тврдеше дека не се сеќава дека гостинката од Албанија коментирала нешто што не се прави ни од политичарите во Македонија – одлука на Уставниот суд.
Лично тој се повика токму на тој аргумент, кога беше запрашан за можното укинување на балансерот оценувајќи дека тоа прашање е дел од внатрешната политика и дека не сака да коментира одлуки на Уставен суд, уште помалку кога се уште не се донесени.
„Општа перцепција е дека околу балансерот има недостатоции и дека треба да се најде начин тој да се имплементира“, рече Гаши. Според него во Вреди работат на верзија за нов закон за правична застапеност, но дали ќе има договор во коалицијата и дали ќе се достави во Собранието како предлог, не може да каже. Тој ги отфрли притоа обидите овие прашања да се престават како деградација на меѓунационалните односи.
Околу одлуката на ЕУ Албанија да го отвори првото преговарачко поглавје а Македонија не, Гаши реќе дека секое заостанување не е добро за нас и дека тој е поборник да станеме земја членка на ЕУ што побрзо. На прашањето што прават тогаш неговите сопартијци околу ова прашање и зошто не бара одговори од премиерот Христијан Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ тој рече дека не треба да се делиме на наши и ваши и дека треба да имаме консензус околу евроинтеграцијата за да земјата оди напред, практично не одговарајќи конкретно има ли некоја иницијатива, потег или разговор како натаму. (Н.В.)