За денешниот ручек ви препорачуваме ловечки шницли кои ќе ги обожавате


Многумина не знаат како да подготват ловечки шницли, а рецептот е навистина едноставен. Послужете за ручек со салата или пире од компири.

Ловечките шницли се јадење кое се динста и благодарение на ваквата термичка обработка е помеко. Најчесто се служат со пире од компири или макарони, а доколку сакате да пробате нешто поинакво, овој рецепт е идеален. Прво премачкајте го месото со сенф бидејќи на јадењето му дава посебен вкус, а во ловечките шницли прелијте црвено вино и доматен сос, бидејќи овие две намирници го подобруваат и вкусот.

Сосројки:

800 гр шницли од говедски бут
1 кромид
малку сенф
1 рамна лажица брашно
1 чаша црвено вино
1 чаша сос од домати

Подготовка:

Покријте го месото и малку исчукајте го со толчник. Зачинете го со сол и бибер, премачкајте го со сенф и пропржете го на малку масло. Извадете го месото од тавата, полијте уште малку масло и пропржете го ситно исечканиот кромид. Кога кромидот ќе омекне, додадете го брашното и брзо измешајте. Потоа истурете вода, црвено вино и сос од домати. Промешајте и вратете го месото. Варете додека не омекне. Доколку е потребно, додадете уште малку вода.