Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели дека отстранувањето на третата галија на Кеј 13 Ноември е завршена работа и дека нејзиниот претходник Петре Шилегов веќе има потпишано извршно решение.

 

„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, вели  Арсовска.

Таа ова за СДК го потврдува неколку дена откако сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето, а спомена и дека повеќе Шилегов сега не е градоначалник.