Вучиќ изрази сочувство – спремен да помогне по пожарот во Кочани

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде загинаа најмалку 51 лице, а изрази и подготвеност да помогне.
„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“, објави Вучиќ на социјалните мрежи.