Вучиќ ги посети повредените од пожарот со 10 камери и куп новинари, Македонците бесни

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера со 10 телевизиски камери и толпа новинари ги посети повредените во пожарот во клубот во Македонија кои беа префрлени на лекување во Србија.
„Трагедијата во Кочани за нас е како да е на кое било друго место во нашата земја. Верувам дека ќе можеме да им помогнеме на овие луѓе кои дојдоа со ужасно тешки повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и подготвени сме да примиме повеќе пациенти бидејќи имаме врвни болници“, рече Вучиќ. Фотографиите ги објави на својот Инстаграм профил.
Неговата објава наиде на критики на социјалната мрежа X.
„Сите пациенти кои имаат тешки изгореници се екстремно намалени имунокомпромитирани. Да остават толку луѓе околу нив е криминал! Дали Македонците знаат каде ги испратиле своите граѓани?“, напиша еден од корисниците.
Pobogu ljudi da li IKO od LEAKRA u ovoj ustanovi ima zrno savesti i etike!?!?!?
Svi pacijenti koji imaju teške opekotine su izrazito imunokompromitovani!!!
Pustiti ovoliki broj ljudi oko njih je zločin!
Da li Makedonci znaju gde su poslali svoj državljane!? pic.twitter.com/nZSe2eeglb— Graciel (@Grracciell) March 17, 2025
„Ова е морбидно. За нив ова е смртна опасност, а за него можност да се слика и да покаже колку е добар и хуман“, напиша друг.
Остро реагираа и граѓаните на Македонија
„Во сите земји каде што нашите деца беа однесени на лекување, само лекарите даваат изјави за нивната состојба телефонски, писмено или се снимаат пред болници, само Вучиќ директно од одделението за интензивна нега со куп камери во просторијата“, стои во еден од коментарите.
Во сите држави каде што однесоа наши деца на лекување само доктори даваат изјава за нивната состојба телефонски, писмено или се снимени пред болниците, само Вучиќ директно од интензивна со куп камери во соба.
— Angie (@____Angie) March 17, 2025
„Сликата е од неговата денешна фотосесија со жртвите од пожарот. Ќе го сокријам лицето на човекот кој сигурно не дал дозвола да се фотографира по интубација“, се вели во друг коментар.
Овој Вучич е ментално болна личност спремна за хоспитализација во зандана и врзана со 3-4 лудачки кошули.
*сликата е од неговата фотосесија денес со жртвите од пожарот. Јас ќе му го скријам лицето на човекот кој сигурно не дал дозвола за сликање пошо е интубиран. pic.twitter.com/fqHC2j9EJB— Аритмија (@snowgirly2) March 17, 2025
Во една објава се вели „обичен популист“, и се додава дека му благодарат на српскиот народ, но немаат многу што да кажат за српскиот претседател.
„Ти благодарам, се разбира, што си меѓу првите што ги прими пациентите, но ова е под секое достоинство, па родителите не смеат да ги гледаат своите деца, а овој човек се слика со 50 новинари во болничка соба… мизерија“, стои во еден од коментарите.
Уште неколку македонски лекари, вчера, преку социјалните мрежи повикуваа да не се посетуваат овие пациенти, затоа што поради типот на повредите, тие се имунокомпромитирани. Седат во стерилни соби, а внатре не смее да дефилираат цивилни лица, макар биле со заштитни маски и матили.
Сепак, покрај ова, за денеска има закажано посети на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за здраваство Арбен Таравари. Едниот ќе ги посети пациентите во во ГОБ „8 Септември“ Скопје, а другиот во Грција.