Втора тепачка во училиште во Битола за неполн месец


 

Брачен пар од Битола, натепале ученик и одделенска наставничка откако добиле поплаки од нивното дете за односот на сооученикот. Влегле во училницата и на среде час, додека траела наставата најпрво се втурнале да го „превоспитаат“ соученикот на нивото дете, а кога се вмешала наставничка, удриле и по неа, раскажуваат наставници од ОУ „Даме Груев“ Битола каде се случил и инцидентот.

СВР Битола, официјално потврдува дека вчера во полиција „Р.М (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од  Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик.  Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л.“, објави полицијата.

Со најава дека полицијата работи на расчистување на настанот.

Ова е втор инцидент со физичка пресметка за неполн месец во училишта во Битола.

Во Средното медицинско училиште 51-годишна професорка натепа своја помлада колешка од 28 години, додека биле на работно место. Помладата професорка го пријави случајот.

На почетокот на март, во Средношколскиот дом во Битола, директорката натепа вработена благајничка. Полицијата најави пријава за директорката.  (А.Б.)