Американскиот Врховен суд и овозможи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп 2,5 милијарди долари што Конгресот првично му ги одобри на Пентагон да ги пренасочи за изградба на ѕидот долж американско-мексиканската граница, иако конгресмените одбија да го обезбедат финансирањето на неговата изградба.
Судот, во кој конзеравативците имаат мнозинство, со пет наспроти четири гласа во целост ја блокира пресудата на сојузниот судија од Калифорнија со која на републиканскиот претседател му се забранува трошење пари, бидејќи Конгресот децидно не му одобрил средства за проектот за изградба на ѕидот.
На проектот, вкупно вреден шест милијарди долари, жестоко му се спротивставија демократите и мексиканската Влада.
Трамп не успеа да го увери Конгресот за финансирање на ѕидот, иако во февраури прогласи вонредна ситуација на национално ниво и најави дека ќе ја овласти управата за изградбата на ѕидот да репрограмира,6,7 милијарди долари од фондовите кои Конгресот ги додели за други намени. Неколку држави, вклучувајќи ја и Калифорнија, и организации како Сиера Клуба и коалицијата на Јужни гранични заедници, ја оспорија управната одлука во две одвоени тужби.
Окружниот суд во Калифорнија во јуни одлучи дека е незаконит предлогот на администрацијата на Трамп за изградба на ѕидот со пари што се нементи за борба против дрогата. Судијата издаде налог со кој се забранува користењето на парите од фондовите за изградба на овој ѕид. Администрацијата на Трамп се жалеше на оваа одлука.
Трамп, на кого изградбата на ѕидот на границата со Мексико му беше централната тема во неговата претседателска кампања во 2016 година, на Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд , нарекувајќи ја „победа за сигурноста на границата и владеењето на правото