Временски чуда: Пролет ли е или 2 јануари?

Денот повеќе личеше како да е рана пролет, а не како вториот ден од новата година. Температурата некаде како во јужните делови на државата беше и до 18 степени


Фото: Б. Грданоски

 

Во поголемиот дел од Европа температурите се исклучително високи за ова време на годината. Во Централна Европа денеска беше потопло за 10 Ц степени од вообичаеното. Вчера во Лондон температурата беше дури 16,2 степени. Во Франција просечната температура во ова време е околу 5 степени,  во последната недела таа изнесуваше 10,2.

Според мерењата, ова е најтоплата недела пред и по Нова година во Европа од 1947 година.

Така беше и во Македонија. Денот повеќе личеше како да е рана пролет, а не вториот ден од новата година. Температурата некаде како во јужните делови на државата беше и до 18 степени. Во Скопје беше 14 степени.

 

Местото кое е главно прибежиште за скопјани во убавите денови – Градскиот парк, денеска беше преполно. По ништо не наликуваше дека е 2 јануари.

И порано во Скопје имало вакви топли денови на почетокот на новата година, но тие се случуваат еднаш на 10 години или повеќе.

Можеби тоа е поради климатските промени, а можеби и поради сопствениот ритам на времето, кое многу често ни метеоролизите не можат да го разберат. Пред неколку дена во Алјаска беа измерени неверојатни 19,2 степени. Еден од тамошните метеоролози изјави дека овие температури се „апсурдни“.

Апсурдни или не, но придонесоа скопскиот парк денеска да се наполни. За жал, комуналните служби како не разбраа дека ова ќе биде исклучително топол ден, па имаше купишта ѓубре околку корпите. Еве ја атмосферата како што ја забележа нашиот фоторепортер Борис Грданоски.