Времено ангажираните во скопските јавни претпријатија ќе добијат траен работен однос
За „чаршиските муабети“ дека ВМРО-ДПМНЕ и АА веќе ги делат јавните скопски препријатија доколку кандидатката Данела Арсовска стане градоначалник на Скопје, актуелниот градоначалник на градот и кандидат на СДСМ за нов мандат, Петре Шилегов вели дека тоа се луѓе кои што немаат грижа за градот.
-Тие гледаат на Скопје како политички плен, а не како град на граѓаните. Ние мораме да продолжиме понатаму за да го решиме статусот на лицата кои се времено ангажирани во препријатијата, за да стане траен работен однос и да им го вратиме статусот на достоинствени граѓани. Останаа дел на кои треба да им го решиме статусот и нивната минимална плата да стане повисока, одговори Шилегов на новинарско прашање.