Вреди нема информации за план за дестабилизација на ДУИ


Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“ нема информации за наводен план на ДУИ за дестабилизација, како и за тоа со какви информации располага премиерот Христијан Мицкоски.

„Доколку има информации, има Јавно обвинителство, како што ние денеска се обраќаме, така што, сметам дека институцијата е зад нас да сподели информации“, одговори Сали на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски на вчерашната прес-конференција со неговиот косовски колега Албин Курти, рече дека располагаат со информации, „добиени од повеќе канали, дека раководството на ДУИ, во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминативе 20-22 години, ќе презема чекори во насока на дестабилизирање на државата“.

Пратеникот на „Вреди“, Сали на прес-конференција попладнево пак информираше дека бараат од Јавното обвинителство да реагира по допрен глас за основано сомнение за „сторена политичка корупција во режија на кадрите на ДУИ во „Лотарија“.