Вработена во Рамстор ги повреди прстите на раката на машина за мелење месо


Вработена во маркет на Рамстор Капитол синоќа се здобила со повреда на прстите на едната рака при чистење машина за мелење месо.

Од компанијата информираат дека е повикана Брза помош, екипа за Противпожарна заштита, полициската служба и бил известен Државниот инспекторат за труд.

– По кратката и брза интервенција, вработената во имобилизирана состојба е пренесена во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Скопје и во текот на ноќта  и е извршен хируршки зафат. По зафатот сите прсти на повредената рака се зачувани и се следи процесот на опоравување, наведуваат во соопштението.

Највисокото раководство на Рамстор го следи случајот и најавува  дека ќе продолжи да прави се што е потребно за да и се помогне на вработената и нејзиното семејство да истата се опорави во целост.