Вработен во Општина Бутел прободен со нож од страна на неговиот брат


Утрово во 7.52 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на Општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје.

Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на брзтаа помош е пренесен во Ургентниот центар-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.