Возач во Итна медицинска помош Гевгелија нападнал лекар од Итната медицинска помош


Фото: Б. Грданоски

Лекар од Итната медицинска помош го пријавил возачот на Итната медицинска помош за физички напад.

„Вчера во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија, Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички нападнат од А.К., возач во Итна медицинска помош Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.