Возач во авто школа прегазил малолетник, потоа ја нападнал и неговата мајка
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
„Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице“, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.