Вонредно обраќање на Путин: Сурово ќе одговориме
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на јавноста, откако беа подигнати безбедносни мерки низ целата земја, по побуната на „Вагнер“ и по влезот на Пригожин во Ростов на Дон.
– Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани – рече на почетокот Путин и додаде дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.
– Секој конфликт мора да се отфрли за време на специјална воена операција. Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство – рече Путин.
Путин рече дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.
– Како граѓанин на Русија ќе направам се за да ја одбранам земјата, ќе бидат преземени решителни дејствија. Секој бунт е смртоносна закана, нашиот одговор ќе биде суров. – вели Путин.
-Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме сè за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт, рече рускиот претседател.
Тој јасно кажа дека е издадена наредба за неутрализирање на сите кои го организирале овој бунт, јави ДПА.
-Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано, рече претседателот на Русија.
Путин порача дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети, пренесе ДПА.
Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки, но, исто така, нагласи дека мора да се избегне каков било конфликт за време на специјална воена операција.
Во обраќањето до нацијата тој кажа дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.
Путин обраќањето го одржа откако е покренат степенот на безбедност низ целата земја поради бунтот на војниците на групата „Вагнер“, под контрола на Евгениј Пригожин, кои влегоа и го зазедоа градот и сите воени објекти во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.