Водата филтрирана со Aquaporin го спасува светот од отпад


Large beautiful drops of transparent rain water on a green leaf macro. Drops of dew in the morning glow in the sun. Beautiful leaf texture in nature. Natural background

Секоја минута во светот се продаваат повеќе од еден милион пластични шишиња со што се создаваат огромни количини пластичен отпад кој ја уништува планетата и му штети на целиот жив свет на неа. Трендот на голема и масовна потрошувачка на пластични шишиња постојано расте и покрај многубројните апели на екологистите и на еколошки свесните луѓе за намалување или целосно исфрлање од употреба на пластичните шишиња.   

Трендот на користење флаширана вода во пластични шишиња е присутен во сите развиени земји, дури и во оние кои сѐ уште имаат квалитетна вода за пиење од чешма. Луѓето се одлучуваат за вода во пластични шишиња затоа што веруваат дека е поздрава, почиста и побезбедна за пиење отколку водата во чешма, но и поради подобриот вкус за разлика од водата која тече од славините. Притоа, заштитата на животната средина воопшто не е во фокусот на интерес.

Но, што ако можете во исто време да уживате во чиста и безбедна вода за пиење без никакви штетни материи и многу позитивно да влијаете врз животната средина? Иновативната данска технологија Aquaporin нуди решение за филтрација на вода во домашни услови, со што секогаш имате брз и лесен пристап до најквалитетна вода од чешма на која може целосно да ѝ верувате дека е безбедна за пиење и со совршен вкус. И што е многу важно – воопшто нема потреба од пластични шишиња.   

Aquaporin технлогијата ги копира процесите на пречистување вода од природата, при што овозможува низ филтрите на пречистувачите Aquaporin да помине само здрава и безбедна вода без хлор, бигор, пестициди, вируси и бактерии. Еко-технологијата на Aquaporin покрај тоа што обезбедува најквалитетна вода за пиење, овозможува и одржлива потрошувачка на водата во домашни услови поради брзиот проток во пречистувачите со што во голема мера се намалува количеството на отпадна вода.     

Најиновативната данска технологија Aquaporin e достапна и на македонскиот пазар, преку двата врвни пречистувачи на вода, ONE и ZERO. Двата пречистувачи лесно се монтираат во секоја кујна и под секој мијалник, а нивниот современ и елегантен дизајн совршено се вклопува во изгледот на секоја кујна. Пречистувачот ZERO  работи без приклучок на електрична енергија, додека пречистувачот ONE овозможува висок, континуиран проток на пречистена вода дури и на места каде што притисокот на водата е низок.

Најиновативните пречистувачи Aqauporin се достапни преку официјалниот застапник, компанијата „Ецотип“. Начинот на нивото функционирање може да се види во модерната концепт-продавница на „Ецотип“ на ул. „Орце Николов“ бр. 202/3-1 во Скопје, а повеќе информации за нив има на следниот линк.

(Пи-ар текст)