Премиерот Заев во посета на Пивара Скопје

Премиерот Зоран Заев по повод првиот реализиран проект од новиот инвестициски циклус денеска ќе ја посети Пивара Скопје.
На настанот, како што е најавено, предвиденo е обраќањe и на генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.
Станува збор за нов деловен простор за вработените, кој се отвора во пресрет на 100-годишниот јубилеј, на компанијата, со што започна и реализацијата на новиот инвестициски циклус со кој во наредните две години ќе ги удвои досегашните вложувања во својот одржлив развој.