(Во живо) Заев во индустриската зона „Сарај“

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска ќе ја посетат производствената фабрика од индустриска дејност „One cable“ во Општина Сарај, најави владината прес-служба.
Инвестицијата во индустриска зона „Сарај“ е во вредност од три милиони евра. Капацитетот е наменет за производство на бакарни кабли и ПВЦ гранулат за електрична енергија со најмодерна технологија.