(Видео) Заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката на ЕК, фон дер Лајен


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 30 октомври (понеделник) 2023 година во 9 часот ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која пристигнува во официјална посета на Република Северна Македонија со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Премиерот Ковачевски и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија Центарот на Владата во 10:15 часот.