(Во живо) Прес на Стојанче Ангелов за состојбата со ресурсите за одговор на пожари
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов држи прес-конференција на која ќе извести за вкупниот број на расположливи противпожарни ресурси на територијата на државата (ер трактори, полициски и армиски хеликоптери, цистерни, теренски противпожарни возила, пожарникари, лична заштитна пожарникарска опрема, и сл).
Воедно ќе информира дека противпожарни екипи на ЈП Национални шуми не учествуваат во гаснење на пожарите поради немање гориво, причинители на пожари, превентивна и откривачка дејност на МВР и уште неколку други аспекти.