(Во живо) Прес конференција на Сиљановска и Милатовиќ
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. По тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, како и пленарниот состанок на делегациите на двете земји, се одржа прес конференција.

Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели. Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.