(Во живо) Премиерот Заев го презентира петтиот пакет економски мерки


На прес-конференцијата премиерот Зоран Заев го презентира петтиот пакет економски мерки, кој беше усвоен на денешната владимна седница.
Од Владата велат дека петтиот пакет економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети економски мерки.

На новинарски прашања ќе одговараат и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.