Заев не даде изјава по пожарот во Ковид центарот во Тетово


Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување.

Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции.

Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар беше формиран кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи.

Пожарот избувна околу 21 часот. Интервенирале преку 30 пожарникари со седум возила по што е целосно изгаснат.