(Во живо) Изјава на Слободан Трендафилов за плановите за професионална јавна администрација
Министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе учествува на панел дискусијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.
Изјава на претседателот на синдикатот Слободан Трендафилов:
– Денеска сакаме да слушнеме дека ќе ги зголемуваат платите, бидејќи без плата нема ни работа и очекуваме дека во тоа што ќе го кажат и министрите значи усогласување на платите од септември оваа година, како и дополнителното зголемување на платите наредната година, кое ќе се случи согласно колективниот договор за јавниот сектор. Платите во јавниот сектор во наредните четири години ќе растат по 15 проценти годишно и новата влада треба да предвиди пари во Буџетот да немаат изговори. Ни изморени да слушем изговори од нивна страна и очекуваме тоа што ќе го кажат денеска да значи токму тоа: зајакнување на капацитетите, престанување на злоупотребување на вработените во јавниот сектор, департизација во јавниот сектор, да не вработуваат нивни партиски кадри во наредниот период и да ја зголемуваат јавната администрација, ако тоа беше проблем во минатиот период и затоа сметам дека ние како Синдикат ќе бидеме подготвени во овој процес.Нашата поддршка ќе ја имаат само доколку ги направате овие работи, во спротивно ние синдикатите сме подготвени на други непопуларни чекори – рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, пред почетокот на конференцијата.