(Во живо) Денеска ќе биде објавено кој е добитник на Нобеловата спомен-награда за економија


Последната Нобелова награда за овогодинешната сезона ќе биде објавена денеска, кога организаторите ќе го објават добитникот или добитниците на Нобеловата спомен-награда за економија.

Минатогодишната награда им припадна на тројца економисти – Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс А. Робинсон – кои проучувале зошто некои земји се богати, а други сиромашни и документирале дека послободните, отворени општества имаат поголема веројатност да напредуваат.

Наградата за економија формално е позната како Награда на Банката на Шведска за економски науки во спомен на Алфред Нобел. Централната банка ја воспостави во 1968 година како спомен на Нобел, шведскиот бизнисмен и хемичар од 19 век, кој го измислил динамитот и ги основал петте Нобелови награди.

Оттогаш, таа е доделена 56 пати на вкупно 96 лауреати. Само три од добитниците досега се  жени.

Нобеловите пуристи нагласуваат дека наградата за економија технички не е Нобелова награда, но секогаш се доделува заедно со другите на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел во 1896 година.

Нобеловите награди беа објавени минатата недела за медицина, физика, хемија, литература и мир.