Во Велес девет ученици заразени со корона вирус, во изолација цели класови
По само три учебни денови во новата школска година, девет ученици од велешките училишта се позитивни на корона вирус, а десетици други се во изолација, јави 24Вести.
Двајца од заразените се во гимназијата „Кочо Рацин“, па поради нив, невакцинираните ученици од два класа се изолирани. Третиот позитивен средношколец е од средното училиште „Коле Неделковски“, но таму нема ученици или професори во изолација. Во две од седумте основни училишта во општината има вкупно шест позитивни ученици, по тројца во „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“.
Поради нив, во изолација се испратени осум ученици. Покрај ова, позитивни на ковид-19 се и двајца директори на основно и средно училиште. Иако освен нив, има и еден заразен наставник, но и вработен во стручна служба и технички персонал.
Целиот текст ТУКА