Во Ургентниот центар во Белград префрлени 9 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во исклучително тешка состојба


Белград – Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави МИА од Белград. 

– Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто на телесната површина и тоа е иницијална проценка од ноќеска. Дел од повредените имаат изгореници на горните дишни патишта, изјави утрово Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Универзитетскиот Клинички центар на Србија.
 
Според него, сите повреди лекарите на Клиниката се третираат како – тешки телесни повреди опасни по живот.