Во училиште во Кичево, малолетник нападнал друг малолетник со нож


Вчера, во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17- годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.

Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.