Во тешка сообраќајка загинаа двајца млади охриѓани


Во тешката сообраќајна несреќа која се случи доцна попладнево на патот Ресен – Битола загинаа две млади момчиња од Охрид. Станува збор за момчиња на возраст од 27 години, кои загинале на самото место на несреќата.

Двете момчиња загинале откако удриле во камионот со албански регистерски таблички. Подоцна на нив налетало возилото со битолски регистерски таблички, кое удрило во нивното возило.