Во стопанството од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра, вели Битиќи


Во стопанството до сега од трите пакети мерки се слеале најмалку 145 милиони евра директна поддршка, рече на прес конференција за четвртиот пакет мерки вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

Во брзата пресметка, како што рече, 75 милиони евра се однесуваат на исплатените субвенции за плати на вработените, потоа 26,7 милиони евра преку платежните картички, кои иако биле наменети за граѓаните, со нивното трошење средствата се слеале во стопанството.

„Тука се и бескаматните кредитни линии кои се искористени, како што е кредитната линија од Европската инвестициска банка, и тие се во износ од 51 милиони евра“, рече Битиќи, додавајќи дека во текот на денот ќе излезат и со попрецизни податоци.