Во Србија се вакцинираат и уриваат рекорди во заразени и умрени
Според последните податоци, во Србија починале 32 лица од последиците од Ковид-19. Од 18.288 тестирани, 5.446 лица биле позитивни на коронавирус. На апарати за дишење се приклучени 209 пациенти. Досега пак вкупно се вакцинирани 2.077.197, а дури 809.375 лица ја примиле втората доза.
Расте бројот на заболени и хоспитализирани во болниците низ Србија. Повеќето нови случаи се регистрирани во Белград, додека Ниш со денови е на самиот врв според бројот на заразени со коронавирусот.
Од денес до понеделник наутро на сила се заострени мерки на Владата на Србија против ширење на коронавирусот, исти како оние за претходниот викенд.