Во Србија речиси 7.000 новозаразени, починаa уште 53 пациенти


Ситуацијата во соседството никако да се смири, па така, во последните 24 часа во Србија регистрирани се  6.930 новозаболени, а како последица на овој вирус починале 53 пациенти.

Тестирани биле 23.660 лица. На респиратор се приклучени 269 пациенти. Во болница се лекуваат 6.591 пациенти

Досега во Србија се регистрирани вкупно 1.017.798 заболени од Ковид-19, а од последиците од пболеста починаа вкупно 8.841.