Во Србија повеќе од 1.700 новозаразени, починаа 18 пациенти


 

Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 1.717 новозаразени со корона вирус.

Во истиот период починаа уште 18 пациенти.

До сега, во Србија се тестирани 2.600.004 луѓе, од кои 11.168 во последните 24 часа.

Инаку, во Србија до денеска вакцинирани се вкупно 426.615 лица, а само денеска 22.394.