Во Србија од Ковид-19 починаа уште 52 пациенти
Според последните податоци во соседна Србија во последните 24 часа регистрирани се уште 5.657 новозаболени од Ковид-19.
Починаа уште 52 лица од последиците од болеста.
На респиратори се 285 пациенти.
Лекарите секојдневно предупредупредуваат на се полошата епидемиолошка слика во земјата и ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат моменталните мерки, но и да се вакцинираат за да се стави пандемијата под контрола.